Спектакл што ќе го паметат – Навивачите ги изненадија дамите на Хамарби и АИК, падна и рекорд во Шведска (Видео)

Дербито на женските екипи на Хамарби и АИК се играше во прекрасен амбиент, а навивачите беа спектакуларни и го урнаа рекордот во Шведска.

Ги имаше вкупно 18.500 на трибините на „Теле 2 арена“ во Стокхолм што е рекорд во Шведска кога станува збор за женскиот фудбал.

Двата клуба се големи ривали на сите фудбалски полиња, па така е и кај дамите. Денеска поуспешни беа фудбалериките на Хамарби кои победија со 4:1 и се пробија на петото место на табелата со 28 бода.

АИК е претпоследен со 16 бода од 19 натпревари, а како беше денеска на трибините во Стокхолм со рекордна посета од 18.500 гледачи можете да погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести