Спектакл во Дортмунд со седум гола и враќање на терените на Але (Видео)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Аугсбург со 4:3 во 16-то коло од Бундеслигата.

На неверојатниот натпревар што се одигра на „Сигнал Идуна Парк“ можеше да бидат постигнати и двоцифрен број на голови доколку напаѓачите на двата тима беа малку поприсебни.

Борусија успеа да ја оправда улогата на фаворит и со трите бода сега е шеста на табелата со 28 бодови, додека Аугсбург е 15-ти со 15 бодови.

Борусија доминираше на теренот од првата минута, притискајќи ги гостите од сите страни, а одбраната на Аугсбург беше пробиена во 29-та минута, кога Џуд Белингем постигна одличен гол со шут од 16 метри и покажа зошто гигантите се тепаат за него.

Милионерите продолжија со нападите, и кога сите помислија дека ќе поведат со 2:0, во 40. минута „ладен туш“ за домашните навивачи бидејќи Мајер израмни на 1:1.
Но, тоа не беше се во првото полувреме, Борусија поведе во 42-та минута преку Шлотербек, а четири минути подоцна Демировиќ израмни на 2:2.

Натпреварот покрај седумте гола го одбележа и Себастијан Але кој влезе во игра во 62-та минута. Напаѓачот на Борусија ја победи тешката болест (рак на тестисите) и се врати на терените.
А серијата голови продолжи во 75. минута, кога Гитенс, зголеми на 3:2.

Но, радоста на Милионерите траеше само една минута, бидејќи по уште една лоша реакција на домашните дефанзивци, Дамир Чолина погоди за 3:3.

Но, сега славјето на гостите траеше само една минута, бидејќи Џовани Рејна постигна фантастичен гол во следниот напад и ги постави конечните 4:3.

- Оглас -

Најнови вести