Спектакл во Лисабон и Берлин, на два натпревари беа постигнати 10 гола, но немаше победник

Спортинг Лисабон и Арсенал одиграа 2:2 во првата дерби пресметка од осмифиналето од Лигата на Европа. Топчиите кои играат одлично сезонава и се лидери на табелата во Премиер лигата, беа подобар тим на стадионот „Хозе Алваладе“ во Лисабон, но не успеаја да слават.

Арсенал поведе со голот на Вилијам Салиба во 22-та минута, но Гонзало Инасио 12 минути подоцна погоди за израмнување. Во вториот дел, Спортинг прв го зададе ударот и тоа преку Паулињо во 55-та минута. Иако и четвриот гол го постигна играч на Спортинг, португалскиот тим не се радуваше на триум бидејќи Морита во 62-та минута ја затресе сопствената мрежа.

Фантастичен натпревар одиграа и Унион Берлин и Ројал Унион Сент Жил на кој беа постигнати дури шест гола, но немаше победник. Првото полувреме заврши 1:12 благодарение на головите на Јурановиќ и Бонифејс, а во вториот дел, белгискиот тим два пати имаше предност, но не успеа да ја задржи до крајот. Прво Вертесен погоди за 1:2, а потоа и Бонифејс постигна уште еден гол, но Унион Берлин преку Кохе и Мичел успеа да се спаси од пораз.

Сигурен настап пред своите навивачи имаа Рома и Баер Леверкузен кои славеа со идентични 2:0 против Реал Сосиедад, односно Ференцварош.

Ел Шарави и Кумбила ја донесоа победата за Рома, а Демирбај и Тапсоба погодија за победа на Баер против Ференцварош.

- Оглас -

Најнови вести