Спектакл во најава, Конор Мекрегор ќе се бори со Македонец?!

Конор Мекрегор против Александар Волкановски во УФЦ борба во лесна категорија. Оваа борба е реалност бидејќи и Ирецот и Австралиецот со македонско потекло се заинтересирани за вакво нешто.

Волкановски е шампион во својата категорија за ултимејт фајтери од 54 до 57 килограми, а за да се бори со Мекрегор, треба да ја коригира својата тежина.

„Би бил апсолутна будала да не прифатам борба со Мекрегор. Тој е еден од најголемите шампиони во овој спорт и нашата категорија, борбата со него не би била само за пари, многу би ми значело, особено ако го победам“, вели Волкановски, кој има 31 година и во кариерата има 21 победа (11 со нокаут) и само еден пораз.

Мекрегор сака да се врати во октагонот, а и публиката го сака тоа, па во активна потрага е по соодветен ривал. Засега нема официјални најави кога би се бореле.

Волкановски иако официјално настапува како Австралиец, се гордее со своето македонско потекло (татко му е роден во пелагониското село Беранци) и често го спомнува тоа, поради што е омилен кај нашинците на далечниот континент.

- Оглас -

Најнови вести