Спектакл на Истокот од Европа – Чудесни се кореографиите на навивачите на Зенит и Легија (Видео)

Вистински спектакл вчера приредија навивачите на Зенит во Санкт Петербург против Малме со неверојатен перформанс на музичкиот оркестар, проследено со многу атрактивни кореографии на трибините.

Оркестарот на опсадата изведе брилијантен перформанс пред мечот од Лигата на шампионите, а фановите на Зенит повторно беа спектакуларни со изведбата на неколку извонредни кореографии.

Zenit St.Petersburg fan performance vs Malmo – Orchestra of the Siege from soccer

Зенит го победи Малме со 4.0, а денеска по нивните стапки тргнаа и навивачите на Легија во Варшава на мечот со Лестер во Лигата на Европа.

Legia Warsaw fans tifo vs Leicester from soccer

„Клекнете пред неговото височество“ е пораката на навивачите на Легија, пренесено со кореографија од која застанува здивот.

Навивачите на Легија се познати по вакви спектакли, а еден од многуте што се памтат е пораката за УЕФА пред неколку години, кога тимот од Варшава беше исфрлен од Лигата на шампионите иако во вкупен скор убедливо со 6:1 го елиминира Селтик.

Тогаш Бартош Бережински влезе во игра во самиот финиш од реванш-мечот кога веќе беше јасно дека Легија ќе го добие двомечот, а немаше право да настапи, па УЕФА беше ригорозна и наместо полскиот тим во ЛШ, играше Селтик.

 

 

- Оглас -

Најнови вести