Спектаклот во Дортмунд ќе биде украсен со голови

Германија – Аргентина (20:45ч – пријателски натпревар)

На „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд, репрезентацијата на Германија ја дочекува Аргентина во контролниот меч од кој се очекува да биде спектакуларен, иако недостасуваат голем број ѕвезди и на двете страни. Го нема ниту Меси, уште му трае суспензијата, додека Јоаким Лев мака мачи со повредени играчи. 

Иако е пријателска, кога и да се соочат овие две селекции, редовно постесуваат на финалето од СП 2014 година, кое минимално го добија Панцерите благодарение на Марио Геце, а од тој меч Германија и Аргентина се сретнаа само уште еднаш. Околу два месеци по финалето, исто така во контролен натпревар, Аргентина победи со 4-2.

Германија во овој меч ќе влезе во малку подобра форма од Гаучосите. Во последните пет меча од евроквалификациите, Германија запиша четири победи и еден пораз, во кои постигнаа 17 голови, а примија само шест во нивната мрежа. Аргентина по освоеното трето место на Копа Америка, одигра само две пријателски, 0-0 со Чиле и убедливи 4-0 против Мексико. Затоа се очекува спектаклот во Дортмунд да биде украсен со погодоци, а домаќините воедно да издвојат евентуален позитивен резултат.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.25)

 

Бахреин – Азербејџан (18:30ч – пријателски натпревар)

Знаејќи дека е контролен дуел, ќе се игра без посебен товар, што значи дека може да се очекува доста интересен меч. По третпат Бахреин и Азербејџан ќе ги одмерат силите во пријателски рамки, претходните два меча ги доби Азербејџан со 2-1 и 3-0. Но, сега се очекува повеќе отпор на Бахреин бидејќи се во добра серија од шест меча без пораз (четири победи и две ремија).

Азербејџан е во сосема спротивна форма. Веќе седум дуели немаат остварено позитивен резултат, а од нив пет ги загубија. Бахреин иако во тие шест меча нема дадено повеќе од еден гол, се очекува денес мечот да биде ефикасен бидејќи Азербејџан лесно дозволува да ја тресат нивната мрежа.

Предлог тип: ГГ3+ (2.80) 

 

Будуќност – Тренто (19:45ч – Еврокуп, второ коло)

И двете екипи тргнаа со пораз во премиерното коло од Еврокупот. Будуќност загуби на гости кај фаворизираната Уникаха, додека Тренто му дозволи на Галатасарај да слави пред неговите навивачи. Затоа вечерва во „Морача“ црногорскиот гигант цели на прв позитивен резултат во меѓународното натпреварување, инаку во спротивно ќе ја добијат улогата на фенерџии во групата Д.

За Будуќност е добро што пред овој меч влезе во победнички ритам, го совлада Задар во АБА-лигата, додека кошаркарите на Тренто нанижаа два порази, што ги спречува да најдат мотив за позитивен исход на ова гостување во Подгорица. Во последните два меча Будуќност бележи минимум 80 поени, додека италијанскиот тим не во посебна ефикасна форма. Затоа, потребна е победа на домаќините, а високиот број поени само ќе го разубават дуелот.

Предлог тип: 1 & >155.5 (2.85)

 

Фленсбург – ППД Загреб (19ч – Лига на шампиони, четврто коло)

Фленсбург има намера да ја искористи кризата на Загреб и да си го подобри учинокот во групната фаза. Германците се апсолутни фаворити и намерата е да се одржи позитивниот учинок во европската елита. Триумфот над Фуксе Берлин им донесе дополнителна доза на самодоверба.

Загрепчани, пак, славеа над Еурофарм и ја прекинаа низата од четири порази, но се чини дека повторно ќе ги снајде разочарување. Во минатото, Фленсбург често знаел убедливо да слави против хрватскиот тим и затоа нема да биде изненадување ако и вечерва Германците им приредат дебакл.

Предлог тип: 1 хен -7,5 (1.90)

 

Пабло Карено  Буста – Доминик Тим (14ч – АТП Шангај 1/16 финале)

Карено Буста е загреан за овој турнир бидејќи ги мина трите квалификациски кола, додека Тим по освојувањето на Пекинг, сега сака да доминира и на овие азиски терени. Австриецот е во победничка форма и во петте триумфи во низа загуби само два сета, додека Шпанецот формата ја изгради по елиминацијата во Токио.

Двајцата тенисери досега меѓу себе се соочиле осумпати, во кои Тим застанал на победничката страна дури во седум наврати. Но, треба да се знае дека само во еден од тие шест триумфи Карено-Буста не освои сет, затоа за денеска се очекува интересен и ефикасен дуел.

Предлог тип: 2 & >22,5 гемови (2.80)

- Оглас -

Најнови вести