Спектакуларен гол на тинејџерот кој од хрватски третолигаш потпиша за Барселона (Видео)

Микаел Фаје е тинејџерот кој направи сензационален трансфер од хрватскиот третолигаш Кустошија во Барселона. Каталонскиот гигант за овој 19-годишен дефанзивец плати пет милиони евра, а полека го вметнува во Б тимот.

Фаје синоќа дебитираше во дресот на репрезентацијата на Сенегал и тоа на фантастичен начин. По еден изведен корнер, топката се одби далеку од голот, а Фаје со шут од речиси 40 метри постигна прекрасен гол, покажувајќи дека не случајно заврши во Барселона.

Сенегал убедливо со 3:0 го победи Габон, а освен Фаје, голо даде и Садио Мане, а еднаш фудбалерите на Габон си постигнаа автогол.

- Оглас -

Најнови вести