Шандон Баптисте изведе спектакуларен проектил со кој израмни на 1-1 во пријателскиот дуел меѓу Манчестер јунајтед и новиот премиерлигаш Брентфорд.
Црвените ѓаволи поведоа преку младиот Еланга во 12-тата минута, но Пчелите брзо се вратија во игра, поточно веќе во 20-тата минута, кога Баптисте ја искористи мешаницата пред шестнаесетникот на Хитон и од прва моќно ја затресе неговата мрежа.