Спектакуларна асистенција на Подолски, Јаховиќ не можеше да погреши (Видео)

Анталијаспор победи со 1-0 против Анкарагучу во меч од турската Суперлига, а стрелец на голот беше македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ. За Јаховиќ ова е прв лигашки гол сезонава, но во последно време како да влегува во голгетерска форма, неодамна (на 25 ноември) погоди и во купот на Турција.

Голема заслуга за голот на Јаховиќ кој рутински го совлада голманот откако излезе сам откосо пред него, има и Германецот Лукаш Подолски кој испрати одлична долга топка и тоа се покажа како феноменална асистенција за Адис кој немаше дадено лигашки гол уште од јули кога истотака ја затресе мрежата на Анкарагучу.

Погледнете:

https://www.youtube.com/watch?v=OLwp7JGUnxY

- Оглас -

Најнови вести