Спектакуларна најава за Наполи – Барса: Сè што правел Марадона, Меси може подобро (видео)

Со нетрпение се чека утрешната пресметка меѓу Наполи и Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите. Наполитанците ќе пукнат од среќа што тревата на „Сан Паоло“ ќе ја гази еден од најтрофејните фудбалери на светот и можеби најдобар во целата фудбалска историја, Лионел Меси, но овој спектакл е еднакво возбудлив и за македонската публика.

Нашиот дијамант Елиф Елмас ќе има прилика да се соочи со аргентинскиот виртуоз и дефинитивно ќе сака да се покаже во најдобро светло, а ние не очекуваме ништо помалку од Елмас, сите имаме верба во неговите квалитети.

Колку домаќините се возбудени за овој меч, покажува следната најава. Наполи објави видео на твитер-профилот во кое се споредуваат сличностите и вештините на двајцата аргентински мајстори, клупската икона Марадона и капитенот на Каталонците, Лео Меси.

- Оглас -

Најнови вести