Спектакуларна победа и танц – каде што удира Миочиќ, тука брада веќе не расте (Видео)

Битката за тронот во УФЦ 241 во тешка категорија се чинеше дека ќе му припадне на Даниел Кормиер, кој ќе го добиеше гласот на сите судии, затоа што дури 181 пат го удри Стипе Миочиќ, но Американецот со хрватско потекло издржа сè, па со кроше, директ и со аперкати во четвртата рунда, го нокаутираше противникот.

На ваков начин, Миочиќ кој понекогаш работи како пожарникар, си ја врати титулата која ја држеше и во минатото.

„Доста ми е, сакам да си одам дома“ – објасни Миочиќ што му се вртело во главата на паузата меѓу третата и четвртата рунда.

До синоќа, Кормиер не знаеше за пораз во кралската категорија, но мораше шампионскиот појас да му го предаде на легендата Миочиќ чии сопруга и син на трибините беа облечени во дресови на фудбалската репрезентација на Хрватска. Стипе само четири пати бил во Хрватска, но има тетоважи со шаховницата, горд е на потеклото и планира повторно да оди во земјата на неговите родители.

Ова е клучната серија удари:

Потоа Стипе прослави со ирски танц, и покажа дека е солиден танцувач:

- Оглас -

Најнови вести