Спектакуларна трка во Сочи: Дождот му донесе среќа на Хамилтон кој дојде до „стотката“ во Ф1

Луис Хамилтон дојде до стоттата победа во Ф1 откако беше најснаодлив на трката за големата награта на Русија во Сочи. Возачот на Мерцедес на крајот прв ја мина целта, во една од најдобрите трки во оваа сезона, а за тоа се погрижи дождот кој се појави во последните кругови.

Ландо Норис од Мекларен водеше од самиот почеток до пред само неколку кругови до крајот, но, се одлучи да не стави гуми за дожд, а таквата одлука го исфрли од врвот.

Сепак, за целиот овој спектакл се погрижи Макс Верстапен (Ред Бул) кој тргна од последното, 20. место, за на крајот да заврши под број два. Третото место на пиједесталот му припадна на Карлос Сајнц.

Во генералниот пласман дојде до промена бидејќи Сега Хамилтон има 244.5 поени, односно два повеќе од Макс. Следната  трка се вози во Турција и ќе се одржи за две недели.

- Оглас -

Најнови вести