Спектакуларно: голман прими три гола, ама набрзина одбрани три пенали (Видео)

Салцбург се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години откако попладнево славеше со 4-3 против Лион. При резултат 0-0, за јуниорите на Лион беше досуден пенал и тука почна шоуто.

Флоран да Силва го утна пеналот, но судијата го поништи шутот поради престап на голманот Даниел Антош. Да Силва ниту во вториот обид не го совлада Антош, а судијата побара пеналот да биде изведен и по трет пат. Фудбалерите на австрискиот тим не можеа да поверуваат, се бунеа, но одлуката остана таква. Овојпат Да Силва ја смени страната, но Антош повторно одбрани и овојпат немаше повторување.

Изгледа и судијата виде дека играчот на Лион не може да даде гол од пенал, па немаше и четврти обид. Салцбург во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид.

Погледнете како изгледа кога не оди и не оди во трите обиди од белата точка, но пофалби и за голманот:

- Оглас -

Најнови вести