Спектакуларно второ полувреме, Холандија слави, падна и најубавиот гол на ЕП (Видео)

Со голот на Думфрис во 85-тата минута, Холандија ја совлада Украина со 3-2 во највозбудливиот натпревар на досегашниот дел од Европското првенство во фудбал. Сите пет кола паднаа во второто полувреме. Холанѓаните водеа со 2-0, Украина изедначи на 2-2, едниот гол на Јармоленко беше феноменален, но, сепак, трите бода останаа во Амстердам за голема радост на играчите и навивачите во портокалово.

Македонија со победа над Украина ќе има шанса да оди во осминафиналето, а тоа ќе треба да се потврди во третото коло со макар еден бод против Холандија, која може и да не биде толку мотивирана против нас ако претходно ја совлада и Австрија и си обезбеди пласман во следната фаза како првопласирана од групата.

https://www.youtube.com/watch?v=WFuZei7sW_M

- Оглас -

Најнови вести