Специја е омилениот противник на Лацио

3001 Кремонезе – Емполи (18.30 часот)

Кремонезе во минатото коло ја победи Сампдорија и покажа дека не кренал раце од битката за опстанок во Серија А, а ако го совлада и Емполи, тоа би им било само трета победа сезонава и би си ги продолжиле теоретските шанси. Кремонезе е тим со најмногу примени голови во лигата, но Емполи има дадено скромни 25 гола на 29 меча. На последните 14 меча на Кремонезе во лигата, редовно паѓаа барем два гола. Во последниот меѓусебен дуел есеноска, Емполи дома славеше со 2-0.

Предлог тип: Х било кога (1.78)

 

1801 Шалке – Херта (20.30 часот)

Ова е дерби на дното, бидејќи станува збор за пресметка на двете последнопласирани екипи на бундеслигашката табела, но и едните и другите уште имаат шанса за опстанок во елитното друштво. Шалке е убедливо најнеефикасен тим во германското првенство, губеше во последните две кола,  но има само два бода помалку од 16-тиот Штутгарт кој би играл бараж, и пет помалку од Бохум кој е во безбедната зона. Херта подзаборави како е да се победува, но тимот од Берлин победуваше со по 2-1 над Шалке на последните два меѓусебни дуели.

Предлог тип: НГ & 2> (4.50)

 

3002 Специја – Лацио (20.45 часот)

Специја е на четири бода над зоната на испаѓање, и нив трите бода им се попотребни отколку на лацијалите кои и со пораз би останале втори. Но, Лацио е во налет, има три победи по ред, во последните пет кола освои 13 бода, па важи за фаворит. Орлите од Рим се тим со најмалку примени голови во Серија А сезонава, а Специја во просек дава помалку од еден гол по меч. И традицијата е на страна на Лацио, тие даваа 4-6 голови на последните три дуели против Специја, Специја нема освоено ни бод против вечерашниот противник.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.60)

 

1701 Тулуз – Лион (21.00 часот)

Тулуз е интересен тим кој ретко игра нерешено (пет ремија во 30 кола), три месеци немале нерешен резултат, и моментно е во златната средина без реални шанси за испаѓање или излез во Европа. Но, едното од петте ремија сезонава им беше токму против Лион во октомври. Лион оди по третата победа во низа, имаат уште осум меча да дојдат до место кое води во европските купови. Тулуз во 2014 година последен пат победи против Лион, многу често во нивните мечеви на „Мунисипал“ било ГГ и3+.

Предлог тип: ГГ (1.50)

 

1301 Рајо Валјекано – Осасуна (21.00 часот)

Време е Рајо да победи, тимот на Столе Димитриевски нема триумф уште од 6-ти февруари. Осасуна има само еден бод повеќе од Рајо, но традицијата е на страна на тимот од Памплона. Осасуна ги доби последните три меча против Рајо, мадриѓаните уште од 2014 година не победиле против овој за нив незгоден ривал, тоа може да биде и мотив плус за Столе и другарите.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.35)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести