3001 Специја – Џенова (Серија А, Италија, 18.30 часот)
Специја ќе оди на поправен испит на уште едно дерби на областа Лигурија, откако во петокот загуби од Сампдорија на гости со 2:1. Сега пак ќе играат со локален ривал од Џенова, а ќе им гостуваат Горан Пандев и соиграчите.
Токму Пандев е една од интересните приказни која го покажува локалниот ривалитет на трите калчолигаши од Лигурија. Поранешниот капитен на Македонија беше стартер на двата меча, лани меѓу Специја и Џенова, единствени досега во Серија А и двапати доби жолт картон, а неговиот тим победуваше со 2:1 на гости и со 2:0 дома.
Пандев повторно е најавен како стартер откако беше резерва на претходниот меч со Торино, што Џенова го загуби со 3:2.
И двете екипи лани се спасија од испаѓање, но и сега ги чека тешка и неизвесна битка за опстанок. Специја со 22 примени гола во девет кола ја има најслабата одбрана досега во шампионатот на Италија, а со 21 погодок Џенова е веднаш зад нив заедно со Салернитана.
Одбраните на двете екипи се исклучително слаби и типуваме дека пак ќе се тресат мрежите на Проведел и на Сиригу.
Предлог тип: ГГ (1.60)
1301 Алавес – Елче (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)
Алавес успеа да направи еден голем подвиг сезонава со триумф против шампионот Атлетико Мадрид, но има само две победи и дури 7 порази во првите девет кола во Ла Лига.
Во Виторија Гастез во Баскија гостувањата се секогаш незгодни, но Алавес сега не е ниту сенка на славниот тим што играше незаборавно финале во Дортмунд, во УЕФА купот со Ливерпул, што го загуби со 5:4 по продолженија.
Тоа се само спомени за тимот што се бори за опстанок и моментно само со шест бода е 18-ти на табелата во конкуренција на 20 екипи. Алавес е единствениот тим што нема реми во овој циклус на Ла Лига во досегашните 9 кола.
Елче е малку подобар со 10 бода, а ќе му гостува на ривал со кого имаат интересна традиција во последно време. Сите последни пет меча им се од 0-2 гола, а ниту еднаш домаќинот не победи. И сега се очекува тврд меч со малку голови, а Елче е во подобра форма и нема да загуби.
Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.83)
3003 Милан – Торино (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Во мај годинава пукна голем срам за Торино по катастрофалниот пораз од 0:7 на свој терен од Милан. Дебаклот им се случи на две кола до крајот на ланското првенство и среќа за популарните Бикови беше што и Беневенто играше слабо, па се спасија од испаѓање.
За Торино мечевите против Милан во последно време се кошмарни, а Биковите не ја треселе мрежата на големиот ривал на последните 4 меча, или околу 400 минути, сметајќи ги и продолженијата во осминафиналето на Копа Италија што го играа во јануари годинава.
Торино игра малку подобро од ланското првенство и може да ги искористи кадровските проблеми на Милан и конечно да им даде гол на Росонерите, но типуваме и дека пак ќе загуби.
Предлог тип: 1&ГГ (3.45)
1092 Арсенал – Лидс (ЕФЛ куп, Англија, 20.45 часот)
Во осминафиналето ќе играат две екипи што го освојувале трофејот во Лига купот на Англија, но тоа било одамна. Лидс има еден титула освоена во 1968 година, а Топчиите славеа само двапати во 8 финалиња и последен пат го кренаа пехарот во 1993 година.
Интересно е што се игра нокаут-меч, па победникот ќе игра во четвртфиналето, а уште поинтересно е што и двете екипи во две фази досега во купот не примија гол.
Арсенал стигна до осминафиналето со победи од 6:0 против ВБА на гости и со 3:0 против Вимблдон. Лидс почна убедливо со 3:0 против Кру, па потоа во драматична серија од по 8 пенали го елиминира и Фулам, откако мечот во Лондон во регуларен дел заврши без голови.
Сега пак се гости во главниот град на Англија и на многу посериозен ривал. Гостите имаат кадровски проблеми и ќе настапат без Бамфорд, Рафиња, Ајлинг и Кох и веројатно и без Фирпо.
На рака не им оди и големиот камбек на Арсенал, екипа која е во серија од 7 меча без пораз. Последен пат двете екипи играа токму во Лондон во февруари годинава и мечот заврши со победа на домаќинот од 4:2.
Овде не би требало да има калкулации, па се очекува напаѓачки фудбал на двете екипи и можеби реприза од пред 9 месеци.
Предлог тип: 1&ГГ (3.45)
1303 Вилјареал – Кадиз (Ла Лига, Шпанија, 21.30 часот)
Фудбалерите на Вилјареал се меѓу рекордерите годинава по бројот на одиграни натпревари, а пеколното темпо не застанува. Во долга европска и бериќетна сезона во мај по дури 11 серии пенали го победија Манчестер јунајтед во финалето на Лигата на Европа и го освоија првиот меѓународен пехар.
Потоа дел од играчите играа на Европското првенство и на Летните олимписки игри, па следуваше финалето на Суперкупот на Европа против Челзи со пораз исто така во маратонски меч и на пенали, па старт на Ла Лига и ново учество во Лигата на шампионите.
Распоред што е неверојатен и за атлети какви што се модерните фудбалери, па заморот си зема данок. Во Ла Лига, Вилјареал освои само 11 бода на девет меча, има два порази по ред и нов меч на ред за играње.
Гостин, за нивна среќа, им е Кадиз, кој има скромен тим и никогаш не ги победил во официјален меч, а досега играа 8 пати. Жолтата подморница мора да победи ако сака да фати приклучок кон горниот дел на табелата бидејќи има многу поквалитетен тим од моментната позиција на 13-тото место во Ла Лига.
Предлог тип: 1 (1.38)