Специјал на Sport Life: Халанд во главната улога во судирот на титаните

Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите за дерби-пресметката во четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Берн Минхен.

Ждрепката сакаше во четвртфиналето да се сретнат екипи кои се меѓу најголемите фаворити за трофејот, а фаворитската улога во првиот натпревар ја има домаќинот, Манчестер сити, и квотата за победа изнесува 1,80, додека таа за триумф на Баерн е 4,55.

Во судирот на титаните, освен на теренот, се очекува голема тактичка „битка“ и на клупите бидејќи еден спроти друг ќе бидат Хосеп Гвардиола и Томас Тухел. Тухел до почетокот на сезонава, 20 месеци седеше на клупата на Челзи и за тоа време оствари три победи над Гвардиола, кој пак се радуваше двапати на меѓусебните пресметки.

Најважната победа ја оствари Тухел, и тоа пред две години, во финалето во Лигата на шампионите и на Сините им го донесе вториот трофеј од елитното натпреварување.

На теренот, главна ѕвезда ќе биде напаѓачот на Граѓаните, Ерлинг Халанд, кој како играч на Борусија Дортмунд играше седум пати против Баерн и постигна пет гола.

Токму Халанд е фаворит да го постигне и првиот гол на натпреварот и квотата за таа игра изнесува 3,30, а 1,70 е за да се запише во листата на стрелци. Вториот напаѓач на Граѓаните, Хулијан Алварес, има квоти од 5.00 да биде прв стрелец на мечот и 2.00 за да постигне гол.

Според квотите, голови може да се очекуваат и од Ријад Марез, Кевин де Бројне, Илкај Гундоган…

Најголем адут на Баварците е Садио Мане, кој до минатата сезона го носеше дресот на Ливерпул и редовно играше против Граѓаните. Мане дури 19 пати играше против Манчестер сити и постигна 10 гола. Квотата за Мане да го отвори резултатот е 9.00, а за да се запише во листата на стрелци е 2.00. Опасност по голот на Едерсон ќе претставуваат и Серж Гнабри, Џамал Мусијала, Томас Милер, Лерој Сане, Кингсли Коман.

Со специјалниот сингл на Sport Life може да се погодува и времето кога ќе биде постигнат првиот гол, а за оние коишто не сакаат многу да чекаат, тука се игрите прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прва замена…
Може да се погодува резултатот по 15 минути игра, по 30 и по 60 минути игра, начинот на кој ќе биде постигнат првиот гол, дали ќе има пенал.

Може да одиграте и колку вкупно корнери ќе бидат изведени од двете екипи или посебно за секоја од екипите. Истите игри се и за бројот на жолти картони, офсајди, фаули…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести