Специјал на Sport Life за РБ Лајпциг – Баер: Елмас на дебито покажа дека заслужува да биде стартер и квотите се одлични да даде гол (Фото)

Дербито на 18-то коло во Бундеслигата ќе се игра на „Ред Бул арена“ каде што Ред Бул Лајпциг ќе го пречека лидерот на табелата Баер Леверкузен и Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со различни игри за сечиј вкус на обложувачите.

Баер Леверкузен продолжува со одличните игри и во првиот меч во 2024 година славеше над Аугсбург со гол во судиското продолжение, додека Ред Бул Лајпциг загуби пред своите гледачи од Ајнтахт Франкфурт со 0:1.

На овој меч во дресот на Ред Бул Лајпциг дебитираше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој пристигна од Наполи во траснфер вреден 25 милиони евра.
Елмас во игра влезе во 88-та минута и веднаш покажа дека заслужува да има поголема минутажа иако сè уште се навикнува на системот на игра на германскиот тим.

На денешното дерби се очекува Елмас да добие поголема минутажа и поради тоа одлични се квотите за да постигне гол. Квотата за Елмас да го отвори резултатот е 11.0, додека да се запише во листата на стрелци е 4.00. Главен адут на домаќинот ќе биде Луис Опенда за кого квотите се 5.50 да го постигне првиот го и 2.30 да ја затресе мрежата.

Кај Баер Леверкузен, главна опасност за домаќинот ќе биде Патрик Шик (6.00 и 2.40).

Обложувачите можат да играат на тоа кој ќе го изведе првиот корнер, која екипа ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон како и кој ќе ја изврши првата замена.

Исто така може да се игра кое време ќе падне првиот гол, како и за тоа колку корнери ќе бидат изведени на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести