Во семејството Џејмс омилен клуб е Челзи, Риси и неговата сестра Лорен од деца навиваат за Сините, со години го носат дресот на клубот, а вчера двајцата ја продолжија својата верност со потпишување на нови договори.
Риси Џејмс е капитен на Челзи и со вчерашниот потпис, се обврза да остане во клубот до 2032 година.

Неговата сестра Лорен потпиша до 2030 година. Таа има играно и за Арсенал и Манчестер јунајтед, а од 2021 е во Челзи каде носи дрес со бројот 10.


