Специјален сингл на Sport Life: И Фрајбург има свои адути за да го изненади Јувентус

Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите и еден од најинтересните натпревари во осминафиналето во Лигата на Европа, меѓу Фрајбург и Јувентус.

Првиот натпревар што се играше на „Алијанц арената“ во Торино заврши со минимален триумф на Јувентус, па вечерва ќе падне одлуката за патникот меѓу осумте најдобри во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

И во реваншот, Јувентус ќе ја има фаворитската улога, квотата за триумф на Старата дама изнесува 2.42, додека 3.10 е за да победи Фрајбург.

Со специјалниот сингл може да се погодува победникот и да се игра кој ќе го постигне првиот гол, кој играч ќе даде гол на натпреварот.

За играта прв стрелец како и стрелец во текот на натпреварот, најмала е квотата за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, кој одигра неколку послаби натпревари и веднаш се најде на удар на италијанската јавност. Квотата за да го постигне првиот гол на натпреварот е 6.50, а 3.00 за да се запише во листата на стрелци. Играчот кој најчесто го менуваше Влаховиќ во првиот тим е Мојзе Кен и квотите за него се 8.00 да биде прв стрелец на мечот и 4.00 за да постигне гол.

Фрајбург и во првиот натпревар покажа дека сака да се надигрува и вечерва пред своите гледачи сигурно ќе го нападне Јувентус. Адутите во нападот на германскиот тим се австрискиот репрезентативец Михаел Грегорич и Италијанецот Винченцо Грифо. Квотата за Грегорич или Грифо да го отворат резултатот е 7.50, а Италијанецот има поголеми шанси да се запише во листата на стрелци (3.50) отколку Австриецот (3.60).

Со специјалниот сингл на Sport Life може да се погодува и резултатот во 15-тата, 30-тата и 60-тата минута. За оние коишто не сакаат многу да чекаат, тука се игрите прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прва замена…

Може да одиграте и колку вкупно корнери ќе бидат изведени од двете екипи или посебно за секоја од екипите. Истите игри се и за бројот на жолти картони, офсајди, фаули…

Може да се одигра и на вкупно удари во рамките на голот, како и тоа во кој период ќе биде постигнат првиот погодок.

- Оглас -

Најнови вести