Специјалец од војската на САД стана жена и влезе во ММА рингот (Видео)

Алана Меклафин со победа дебитираше во ММА борбите во женска конкуренција, а борбата против Селин Провост предизвика посебно внимание. Алена всушност е трансродна личност, која го има променето полот.

Меклафин е родена како машко, па дури шест години работел во специјалните сили на американската војска (во периодот од 2004 до 2010 година). По заминување од војската, одлуката било да го смени полот, па пред години била комплетирана промената. Човекот кој 33 години живеел како машко и бил војник, во последните пет години е жена.

Алана потоа решила да се занимава со ММА-борбите, а сега го имаше и дебитантскиот настап, и тоа победнички. Жената која претходно била маж успеа во втората рунда да ја победи противничката. Алана не е прва трансродна личност во ММА спортот. Првпат таква борба имаше во 2012 година, кога во рингот влезе Фалон Фокс.

„Ги следам чекорите на Фокс. Ако сакаме да видиме повеќе трансродни личности во овој спорт, ќе мора повеќе да работиме на тоа. Дојде време и трансродните личности да бидат прифатени во светот на спортот“, рече Меклафин.

 

- Оглас -

Најнови вести