Специјални ефекти од Интер подарок за лошата тактика на Мурињо – Шампионот за едно полувреме ја декласира Рома (Видео)

Жозе Мурињо комплетно ја промаши тактиката против својот некогашен клуб Интер, кој ја декласира Рома со 3:0 за само едно полувреме.

Специјалниот,кој ја освои триплетата со Интер во 2010 година, денеска беше апсолутно немоќен и тактички надигран од Симоне Инѕаги.

Интер лесно славеше со голови во првото полувреме, а гол-шоуто го почна Хакан Чалханоглу со гол директно од корнер во 15. минута.

Потоа турскиот репрезентативец му асистираше на Един Џеко за 2:0 во 24. минута, а печат на победата на актуелниот првак на Италија со гол во 39. минута стави Думфрис.

Рома одигра исклучително слаб меч, а доминацијата на Интер ја презентира најдобро поседот на топката со 68 проценти.

- Оглас -

Најнови вести