Спиеш ли мирно Дрејк? Мохамед Салах стана рапер (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери на светот, ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах, топката ја смени со микрофон и сними реклама за една позната американска нафтена компанија. Во спотот Египќанецот е во улога на рапер и рапува на арапски јазик.

Салах си го покажа скриениот талент, првите реакции се позитивни. Фановите се пошегуваа дека еден од најпознатите рапери на светот, Дрејк, треба да се плаши од Салах, кој му е силна конкуренција. Дрејк е познат во светот на спортот и како малер. Секојпат кога тој ќе се фотографира со некој спортист, на тој спортист веднаш потоа не му оди добро во кариерата и неговите тимови губат важни натпревари.

Погледнете како рапува Салах:

- Оглас -

Најнови вести