Спировски даде гол, па беше заменет на полувреме

Стефан Спировски неодамна потпиша договор за украинскиот Мариупол, а уште во првиот меч покажа дека ќе биде вистинско засилување. Македонскиот репрезентативец беше стартер на денешното гостување кај Олександрија и по само 25 минути поминати на терен, успеа да го постигне првиот погодок за новиот клуб.

Мариупол поведе со голот на Спировски, а само 10 минути подоцна домаќините израмнија со погодок постигнат од пенал. На полувремето од средбата Спировски беше заменет.

 

- Оглас -

Најнови вести