Сплеш браќата комбинираа 62 поени, Портланд загуби од неискуство

Голден стејт вориорс поведе со 1-0 во конференсикото финале на Западот против Портланд по триумфот во Оукленд со конечни 116-94. Актуелниот НБА-првак одигра без помошта на Кевин Дурант, кој веќе неколку меча е во „аут“, но затоа раслопожени беа Стеф Кари и Клеј Томпсон.

Познатите „Сплеш браќа“ комбинираа 62 поени, или половина од кошевите на целиот тим, а особено се истакна Кари, кој реализираше 9 тројки од 15 обиди, додека мечот го заврши со 36 поени, 7 асистенции  и 6 скока. Томпсон додаде 26 поени, а трет најефикасен од редовите на Вориорс беше Грин со двоен учинок од 12 поени и 10 скока.

Лилард и Мекколум во овие разигрувања немале послаб учинок. Во нивниот прв настап на едно конференциско финале, Лилард заврши со 19 поени, Мекколум со 17.

Портланд беше достоен противник на шампионот сè до стартот на последната четвртина, а Воините потоа го зајакнаа темпото и користејќи го главното оружје ја направија посериозната разлика. Дотогаш, Блејзерс ги држеа домаќините на едноцифрена предност, но неискуството преовладеа кај играчите на Портланд, сепак ова им беше деби во едно конференциско финале.

https://www.youtube.com/watch?v=IlQ53DIh8G0

- Оглас -

Најнови вести