Сплит е во делириум – Хајдук има повеќе членови од најголемите стадиони на Балканот

Хајдук е во форма во каква што ретко бил во последните години и во завршнцата од хрватскиот шампионат е во борба за титулата со ривалите.

За тоа каква е атмосферата во Сплит и околината, говори податокот дека клубот досега за наредната година има продадено 66 илјади членски карти. За споредба, најголемиот стадион на Балканот, „Рајко Митиќ“, или популарната „Маракана“ во Белград има капацитет од 53 илјади навивачи.

Хајдук во моментов по 27 одиграни натпревари, има 52 бода и се наоѓа на третото место, додека првопласираниот Динамо Загреб со Стефан Ристовски и Аријан Адеми го дели првото место со Осијек и имаат по 57 бода.

По репрезентативната пауза, токму Хајдук ќе му гостува на Осијек во меч каде што само победа е опција за тимот од Сплит ако сака да остане во борбата за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести