Спонзорот на Ѓоковиќ се залета, на ден пред финалето му ја честиташе титулата (фото)

Компанијата за спортска опрема „HEAD“, која му е спонзор на Новак Ѓоковиќ, на ден пред големото финале на ОП на Австралија му ја честиташе неосвоената титула на првиот светски рекет.

„Честитки до Новак за рекордната деветта титула на Отвореното првенство на Австралија“, пишуваше во објавата под фотографијата на првиот светски рекет. Оваа компанија направи гаф на социјалните мрежи со честитката, па набрзо потоа се исправија со нова објава: „Сакавме да кажеме, среќно во финалето“.

Инаку, финалето меѓу Ѓоковиќ и Медведев е предвидено да се одигра утре изутрина, со почеток во 09:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести