Според букмејкерите Македонија е аутсајдер на утрешниот меч против Словенија

Квотата за победа на Македонија против Словенија на утрешниот меч од ракометното Светско првенство, во обложувалниците Sport Life е дури 9.50, а коефициентот за триумф на Словенците е 1.10. Ова јасно укажува кој е фаворит на утрешниот меч во Каиро од првото коло на втората фаза на Мундијалот во Египет.

Досега тимот на селекторот Данило Брестовац не успеваше да ги изненади букмејкерите, на мечевите на кои Македонија беше аутсајдер, убедливо губеше, а кога беше фаворит, како вчера против Чиле, успеа да ја оправда улогата.

Утре од 15.30 часот, нашите ракометни репрезентативци излегуваат на мегдан со Словенците кои ги имаме победувано на европските првенства во 2012 и 2018 година. Последниот меѓусебен дуел во 2020 беше пријателски, и го доби Словенија.

- Оглас -

Најнови вести