Според коефициентите Македонија веќе не е апсолутен фаворит против Црна Гора

Македонија денеска од 18 часот го игра вториот меч на Европското ракометно првенство, против Црна Гора во Дебрецин, а некаде на 8 часа пред стартот на дуелот има интересна промена на коефициентите.

Во Sport Life вчера понудата беше 1.35 за победа на Македонија, а сега квотата за кец порасна на 1.50, што е уште подобра шанса за заработка на сите што веруваат дека избраниците на Кирил Лазаров ќе ја победат Црна Гора.

За триумф на Црна Гора коефициентот е 3,30, а реми носи квота 9.00.

Македонија одигра одличен меч против Словенија на стартот од ЕП, но загуби од фаворитот со 25:27.

Поразени беа и Црногорците од главниот фаворит в нашата група, Данска со 21:30.

 

- Оглас -

Најнови вести