Според прогнозерите, Реал уште е благ фаворит пред Барселона

Од стартот на најновото, 31-во коло на Спортска прогноза, повеќето учесници своите прогнози ги доверија на триумф на Реал Мадрид во второто овосезонско Ел Класико против Барселона.

Нијанси се во прашање, Кралевите остануваат благи фаворити со 36% од прогнозерите кои типуваа „кец“, во однос на 32% од учесниците кои се надеваат на подвиг на Каталонците предводени од Лионел Меси. Слични се очекувањата за евентуално реми, односно 31,48% сметаат дека победник нема да се издвои на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот.

Мегадербито меѓу шпанските гиганти ќе ја одреди битката кон главниот подарок „ајфон 11“, кое е само дел од вкупно 13 пара меѓу кои има уште неколку интересни дуели кои ќе треба да се погодат за да се стигне до премијата.

Приложувањето на прогнозите е достапно уште денес и утре до 15:30 часот, односно пред почетокот на првиот пар од 31-то коло, меѓу Ајтрахт Франкфурт и Волфсбург.

Процесот е едноставен, треба само да имате СЛ картичка од Sport Life и потоа на едноставен начин да смислите добитна стратегија како да се погодат 13 пара во оваа рунда.Натпреварите како и секогаш се многу интересни во нашата понуда од 13+2 двојки, а треба да се внимава и на резервните парови, кои носат поени за подобра позиција во Генерален пласман.

Награди има многу, специјална е таа што Sport Life ја дава за секое коло и прогнозер што ќе погоди Тринаесетка, а можете да се подновите со прекрасниот модел на мобилен телефон „ајфон 11“. Со бесплатната и забавна игра се наградуваат и утките, па за едно промашување, се добива ваучер од 1.000 денари што можете да го искористите во Sport Life, а ако погодите 11-ка, наградата е ваучер од 500 денари.

Сè повозбудлива станува и трката во Генералниот пласман, а шампионот во третата сезона на Спортска прогноза ќе биде награден со ТВ Смарт од 48 инчи.

- Оглас -

Најнови вести