Спорт Лајф обезбеди медицински апарати за КАРИЛ

Со акцијата „Голови за победа, голови за радост“ Спорт Лајф го претвори секој гол на македонските ракометари на СП во донација за хумани цели и обезбеди средства кои ќе бидат донирани за набавка на два нови премиум монитори за виталните параметри кај пациентите за потребите на КАРИЛ – Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

„На светското ракометно првенство, од десетти до 27-ми јануари, Спорт Лајф навиваше заедно со сите нас притоа наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2.000 денари и на тој начин се достигна износот на донацијата да се заокружи на 400.000 денари. За постигнатите голови на македонските ракометари може да се потсетиме и на следниот линк“.

Целта на Спорт Лајф беше преку оваа хумана акција да придонесе кон она што е најпотребно и најважно за сите нас, здравјето, и во таа насока по пристигнување на опремата, во соработка со претставниците на Министерството за здравство таа ќе биде врачена на клиниката за КАРИЛ.

- Оглас -

Најнови вести