Sport Life ги обелодени квотите за финалето во Лигата на шампионите

Манчестер сити и Челзи на 29 мај во Истанбул ќе се борат за европската титула, а Sport Life веќе ги обелодени коефициентите.

Разбирливо, Граѓаните и пред пласманот во финалето беа фаворити да бидат шампиони на Европа, а квотата за „кец“ е 1.91 за Сити да победи во 90 минути. Победа во регуларниот период во корист на Сините е 4.15, а за евентуално реми квотата е 3.50.

Во пресрет на финалето, Sport Life ќе издвои и посебни типови со цел да го направи обложувањето за овој меч поинтересно.

Инаку, двата англиски гиганти викендов ќе се загреваат меѓу себе на „Етихад“ во рамките од Премиер лигата. Оваа сезона Сити славеше во Лондон во лигашки рамки, додека Челзи ги елиминира Граѓаните во полуфиналето од ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести