Sport Life ги вреднува вработените, наградени 60 најуспешни за 2021 година

Компанијата Sport Life ги награди своите најуспешни вработени за 2021 година, а вкупно 60 од нив ќе може да го искористат вредносниот ваучер од 200 евра за годишен одмор и да го поминат слободното време со своите најблиски.

„Сакаме да пратиме порака преку ова доделување на наградите за најуспешните вработени за 2021 година дека нашата компанија ги забележува и ги вреднува сите вработени коишто даваат значителен придонес во процесот на работа и истите тие се мотивирани за уште поголеми достигнувања и успеси во наредниот период. Остануваме посветени на процесот на развој на нашите вработени и во иднина за продолжување на нашата заедничка успешна приказна. Воедно тимот на Sport Life обложувалници на сите им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желба за многу здравје, среќа, радост и успешна година“, велат од Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести