Sport Life ќе работи со скратено време – преземени мерки за заштита на вработените и клиентите

Како докажано општествено одговорна компанија Sport Life без никакво размислување се вклучи во целосно почитување на одлуките на Владата во врска со мерките за спречување на ширење на опасниот Коронавирус. Од Sport Life најавија дека со загриженост ги следат сите случувања поврзани со опасниот вирус и се надеваат на брзо нормализирање на ситуацијата. Додека трае пандемијата, Sport Life ги превзема сите неопходни мерки за заштита на вработените и клиентите во нивните објекти, затоа што здравјето е пред сѐ.

„Почитувани клиенти,

Согласно одлуката на Владата на РСМ донесена на 17-тата Седница, одржана на 12 март 2020 година, а во врска со мерките кои државата ги презема за справување со состојбата со Коронавирусот, спортските обложувалници ќе работат со скратено работно време од 9:00 часот до 18:00 часот, со преполовен капацитет за гости за да се задржи минимум неопходното растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу лицата кои престојуваат во овие објекти.

Ве информираме дека ги преземаме сите мерки за заштита на нашите вработени и клиентите во нашите обложувалници. Во контекст на ова набавени се дезинфекциски средства за секоја обложувалница, заштитни ракавици за сите вработени, а објектите редовно и темелно се чистат. Апелираме до клиентите во целост да се придржуваат до мерките“, стои во соопштението од Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести