Sport Life собра 712.500 денари и ќе ги донира во Центарот за лица со аутизам

Со завршувањето на настапите на македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство, се комплетира и хуманитарната акција на Sport Life наречена „Навиваме заедно за Македонија“. Sport Life одлучи од секој уплатен тикет на кој ќе биде одигран на натпреварот на македонската фудбалска репрезентација, 10 проценти да бидат наменети за хуманитарниот чин.

По трите одиграни меча на Македонија во групната фаза, собрани се вкупно 712.500 денари, кои ќе бидат наменети за изградба на Центарот за помош на лица со аутизам во Охрид. Со оваа акција, Sport Life уште еднаш се потврди како општествено одговорна компанија, која помага секогаш таму каде што е најпотребно.

 

- Оглас -

Најнови вести