Спорт Манија и Sport Life во хумана акција со легендите – Добротворен тикет со Ѓоко Хаџиевски

Спорт Манија и Sport Life обложувалници од стартот на Лигата на шампионите ќе организираат хуманитарна акција со Добротворен тикет, а гости ќе ни бидат познати имиња од различни области на македонската сцена.

Со легендите ќе правиме тикет, а добивката ќе биде наменета за хумани цели, за помош на ранливите категории, на оние на коишто им треба најмногу помош.

Стартуваме од денеска, а прв гостин ни е еминентниот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски. Легенда на македонскиот фудбал, човекот со многу трофеи на повеќе континенти и тренер што работел, и тоа многу успешно, во клубови од 10 земји.

Поранешниот македонски селектор има искуство и со Лигата на шампионите, но во Азија, а како кормилар на јапонскиот Џубило Ивата има и финале во 1999 година.

Во Ријад, Саудиска Арабија, домашниот Ал-Хилал во драматичен меч за шампионската круна победи со златен гол во продолжението, а Хаџиевски и неговите избраници беа само на две минути од освојување на вредниот трофеј.

„Водевме со 2:1 до 88-мата минута, но еден кикс во одбраната нè чинеше скапо. Ал-Хилал израмни на 2:2, а потоа и победи со златен гол. Во финалето игравме пред 70 илјади гледачи, грото од нив навивачи на Ал-Хилал, што можеби и нè чинеше титула. Сепак, во Лига на шампиони домашниот терен носи предност. До финалето стигнавме без примен гол, а искуството да се игра меч за титула во Лига на шампиони е драгоцено. Ме прогласија и за најдобар тренер во Азија за февруари, па на тие моменти со радост се сеќавам“, вели Хаџиевски.

Без размислување ја прифати нашата покана да ни биде гостин во хуманитарната акција со Добротворен тикет, а за читателите на Спорт Манија понуди анализа за пет меча од стартното коло во новото издание на Лигата на шампионите.

Наполи – Ливерпул (Лига на шампиони, вторник 21 часот)

Наполи ми остави добар впечаток на почетокот на сезоната во Серија А. Сега и заради Елиф Елмас некако оваа екипа ќе ни биде поблиска, ќе имаме посебни симпатии. Имаат искусен и квалитетен состав што има носители на играта кои подолго време се заедно. Имињата на Мертенс, Инсиње, Кулибали, Калјехон… значат во светот на фудбалот.  Со тренер од калибарот на Карло Анчелоти и екипата добива поинаква и многу поголема тежина.

Се освежија со Елмас и со Лозано и се одличен состав во сите сегменти. На „Сан Паоло“ е секогаш тешко да се игра, но им доаѓа можеби и најтешкиот ривал во моментов, европскиот првак Ливерпул.

Под команда на Јирген Клоп, англискиот тим продолжува да игра речиси беспрекорно. Лидери се во Премиерлигата со максимален учинок, играат едноставно, брзо и се екипа што е веројатно и во најдобра форма на Стариот континент.

Ова е еден од дерби мечевите на првото коло во Лигата на шампионите, верувам дека ќе уживаме во одлична фудбалска претстава, а мала предност му давам на гостинот.

Предлог тип: Х2&3+ (2.55)

 

Борусија Дортмунд – Барселона (Лига на шампиони, вторник, 21 часот)

Борусија ја ценам многу, тоа е екипа што игра по мој вкус, а Барселона ми е омилен тим и очекувам спектакуларен меч во Дортмунд.

Сум гостувал на „Вестфален“ и морам да истакнам дека атмосферата на стадионот е една од најдобрите во светот на фудбалот.

Барселона ќе има проблем и поради отсуството на Лионел Меси, но и поради теренот, кој е помал од тој на „Камп ноу“.

Каталонците се навикнати да имаат посед на топка, играта со куси додавања е нивен бренд, но ќе бидат на големо искушение против Борусија.

Домаќините играат брз фудбал, знаат да одиграат опасни контранапади, играат со многу трчање и ќе им зададат многу проблеми на Каталонците.

Барселона е една од најдобрите екипи на светот, а клучно за мечот ќе биде колку ќе успеат да ја имаат топката во посед. Обично тие се тимот што ја контролира играта против секој ривал и ако успеат да ги амортизираат опасните и брзи префрлања на Борусија на нивната половина, ќе бидат поблиску до успех.

Се работи за две екипи што играат офанзивно, заедно постигнаа 25 гола во првите четири кола во Ла Лига и во Бундеслигата, па очекувам и вечерва да има голови.

Предлог тип: Х2&3+ (2.18)

 

Бенфика – Лајпциг (Лига на шампиони, вторник, 21 часот)

Карактеристика речиси на сите дуели во првото коло е што екипите имаат одличен старт во домашните првенства, со мали исклучоци.

Лајпциг е лидер во Бундеслигата, одигра одличен меч викендов против Баерн, што ќе им даде крилја за добар резултат и во Лисабон.

Бенфика има големо реноме во европскиот фудбал, се работи за двоен европски првак и клуб кој е непресушен извор на таленти. Го продадоа Жоао Феликс за рекордна сума од 126 милиони евра летово во Атлетико Мадрид, но верувам дека повторно од нивната фудбалска школа ќе излезат нови фудбалски бисери.

Португалците се редовни учесници во Лигата на шампионите и имаат поголемо искуство од Лајпциг.

Сепак, Германци се Германци, не смеат да се потценат, особено ако се знае дека ги предводи Јулијан Нагелсман, еден од најпреспективните тренери во моментов.

Мала предност, според мене, има Бенфика, а очекувам тврд меч на „Луж“.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (2.15)

 

ПСЖ – Реал Мадрид (Лига на шампиони, среда, 21 часот)

Проблем за Пари Сен Жермен е отсуството на Килијан Мбапе и на Едисон Кавани и тоа е голем хендикеп за домашниот тим. Особено ќе им недостасува Мбапе, кој беше во топ-форма пред повредата.

Се врати Нејмар, но колку тој ќе биде подготвен за меч од ваков карактер во Лигата на шампионите против Реал е големо прашање.

И Реал го мачат повреди, па ќе им биде потешко да играат без Модриќ, Марсело, а поради жолти картони нема да игра и капитенот Серхио Рамос.

Амбициите и кај двата клуба се највисоки, целта е да се освои пехарот во Лигата на шампионите, па стартниот дуел ќе покаже дали и се оправдани големите очекувања и во Париз и во Мадрид.

Дербито од А групата ќе биде неизвесно, па ќе се обидам да типувам на голови.

Предлог тип: 3 + (1.60)

 

Олимпијакос – Тотенхем (Лига на шампиони, среда, 18.55 часот)

Олимпијакос одигра одличен квалификациски циклус и само со еден примен гол успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

Во Грција секогаш е тешко да се гостува, имаат темпераментни навивачи и квалитетни клубови. Олимпијакос долго нема пораз на домашен терен во ЛШ и ќе биде тврд орев за Тотенхем.

Маурисио Покетино направи тим што долг период игра заедно, што е мошне важно во фудбалот, а резултат на тоа е финалето во Лигата на шампионите лани.

Хари Кејн е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, остана и Ериксен, тука е и Сон, а има екстра квалитетни играчи и во средниот ред и во одбраната.

Тотенхем е фаворит, но ќе мора да внимава против тим што тешко губи на домашен терен.

Предлог тип: Х2&3+ (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести