Sport Life знае како да награди – бонус од 70.000 денари за вкупна добивка од речиси 200.000 денари

Перфектен тикет со 14 парови во петокот беше уплатен во Битола, а по завршувањето на синоќешните дуели на Барселона – Леванте и Удинезе – Интер, стана јасно дека обложувачот ќе се радува на добивка од 195.918 денари. Фактот дека се погодени дури 14 мечеви, на тикетот има и дополнителен Празничен бонус, кој во овој случај носи фантастични 70.329 денари. Едноставно, како награда дека се погодени дури 14 парови со солиден коефициент, Sport Life дополнително го израдува овој играч од Битола со бонус над 1.100 евра.

Инаку добитниот тикет е составен без многу филозофија. Играно е на фаворитите од најсилните лиги во Европа. Избегнати се неколкуте „мини“ кои беа викендов, но затоа на тикетот се најдоа фаворитите Ливерпул, Барселона, АЗ Алкмар, Борусија Дортмунд, Галатасарај, Порто, Олимпијакос, Јувентус, Лацио, Интер…

УПЛАТА ОД 31 ДЕНАР КАКО ЗА СРЕЌА, КОЈА И ТОА КАКО ЈА ИМАШЕ НА ДУЕЛИТЕ НА БАРСЕЛОНА И БАЕРН

Многумина играчи во Sport Life имаат разни суеверија и обичаи пред да уплатат тикет. Најверојатно еден од тие со суеверие да уплати „незаокружена“ сума пари е обложувачот од Скопје Север. Уплатата на тикетот е 31 денар, а тоа и му донело среќа.

Погодени се сите 11 парови, но посебно драматични се два дуели на кои играа фаворити. Баерн Минхен лесно го победи Мајнц на гости, но мечот бил „за тресење“, поради бројот на погодоци кои беа постигнати во првото полувреме. Покрај двојката, условот било да има од 2 до 4 гола. Баерн уште на полувремето водеше со 3:1, што значи дека во вториот дел требаше мрежите да мируваат. Така и се случи, Баерн го намали темпото и не даде ниту еден гол, а ја сочува и својата мрежа нечепната.

Ако на Баерн не требаше да падне гол во вториот дел, сосема спротивна беше ситуацијата на „Камп ноу“. Барселона набрзина во првото полурвеме даде два гола против Леванте, но потоа Каталонците запреа. Водството од 2:0 во 31-вата минута беше актуелно и во 90+, односно во судиското надополнување. Иако сите очекуваа Барселона да даде трет гол, Леванте преку Рочина изненадувачки намали на 2:1, погодок на кој сигурно најмногу се израдува спственикот на тикетот од Скопје Север.

Единствено штета за овој тикет е тоа што сопственикот заборавил да го уплати со Sport Life картичка, бидејќи во тој случај ќе добиел и голем бонус за 11 погодени средби, но и овие 201.852 денари се одлична заработка.

- Оглас -

Најнови вести