Аморим уште не дебитирал на клупата на Спортинг, а веќе ги скара Лавовите и Арсеналистите

Спортинг не ја плати првата рата од 5 милиони евра за ангажманот на тренерот Рубен Аморим, а Лавовите од Лисабон се вадат со кризата со Ковид-19.

Брага, која му дозволи на одличниот стратег во март да се пресели во Спортинг, требаше да добие 5 милиони евра до 16 април, па сега според договорот што е потпишан, може да добие уште 10 отсто.

Аморим го чини Спортинг вкупно 20 милиони евра, што треба да ги плаќа на четири рати, а втората транша од 5 милиони евра им доспева во септември. Клубот за којшто игра нашиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе треба да додаде најмалку уште 500 илјади евра, односно да плати казна од 10 проценти поради доцнење со уплатата на првата рата.

Аморим е еден од најталентираните тренери во Португалија, а сè уште чека деби на клупата на Лавовите. Пристигна на 4 март во клубот од Лисабон, а последниот меч пред прекинот на првенството Спортинг го одигра еден ден порано, на 3 март. Според договорот, 35-годишниот тренер треба да ги предводи Ристовски и соиграчите до 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести