Спортинг ќе го прекине „кошмарот“ против екипа која се бори за опстанок

6002 Челзи – Реал Мадрид (21 ч.)

Англискиот тим оствари посакуван резултат на гостувањето во Мадрид откако даде гол и не загуби, па сега доволно е да одигра и без голови. Сепак, кога се работи за меч против Реал, тешко е дека нема да има погодоци. Кралевите постојано имаат проблеми со повредени играчи, но собираат сили уште да бидат во борба и за титулата во ЛШ и во Примера дивисион.

Реал е без пораз на последните 19 меча (13 победи и шест нерешени), а тоа што е карактеристично е дека на пет од последните шест средби одигра 0-2 гола. И Челзи има цврста одбрана и шесте последни средби ги игра со 0-2 погодоци, па може да се очекува на „Стемфорд бриџ“ и еден момент да го реши патникот за во финалето.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.23)

 

3141 Хајдук – Динамо Загреб (18 ч.)

Пред 10-тина дена Динамо со 2:0 го победи Хајдук и на тој начин речиси ја обезбеди новата титула во Хрватска. Хајдук игра сезона за заборав, а дома има шест победи и шест порази со уште три нерешени. Модрите на гости се одлични со 10 победи, четири нерешени и само еден пораз, а се радуваа и на последните две гостувања на „Пољуд“.

Гостите и овојпат се фаворити, а реално ова треба да биде меч со не повеќе од три погодоци.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.82)

 

1538 Рио Аве – Спортинг (22:15)

Спортинг има блескава сезона и уште е без ниту еден пораз. Гиагнтот од Лисабон во последните четири кола треба да ја потврди титулата, па затоа на гостувањето кај Рио Аве се очекува три бода за Спортинг.

Рио Аве се бори за опстанок, но реално нема што да бара во дуел со тимот кој има 12 победи и само три нерешени на гостински терен сезонава и што примил само шест гола во 15 дуели.

Сепак, ако се гледа традицијата, Рио Аве станува кошмар за Спортинг бидејќи во последните четири меѓусебни средби тимот од Лисабон има две нерешени и два порази. На шест од последните седум меча било гол-гол, па може да се очекува интересен дуел.

Предлог тип: 2&0-4 (1.96)

 

1350 Сервет – Сент Гален (17 ч.)

Битка за финале во Купот на Швајцарија. Сезонава двете екипи во меѓусебните средби имаат по една минимална победа со по 1:0, а еден дуел заврши 2:2. Влогот сега е меч кој може да им донесе трофеј, па може да има калкулации.

Сервет е во битка за второто место во првенството, додека Сент Гален се бори да не испадне од елитата, но куп-меч е посебна приказна. Сервет има седум титули во Купот, а Сент Гален еднаш се радувал на трофејот, и тоа пред повеќе од 50 години.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.25)

 

3174 Домжале – Олимпија Љубљана (17:15 ч.)

Олимпија е лидер во првенството и најважно за нив е да не загубат денеска. Домжале има дури 12 нерешени меча сезонава, а во последните шест дуели има четири победи и две нерешени.

Домаќините се без притисок, што е еден плус за нив, иако дуелот против Олимпија секогаш е посебно интересен. Традицијата вели дека на 10 од последните 13 меѓусебни средби да има гол-гол, односно двата тима да постигнеле по еден погодок.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.18)

 

- Оглас -

Најнови вести