Спортот се враќа и во Црна Гора, можно е да се поништат одлуките за прекинатите првенства

Црногорскиот министер за спорт Никола Јановиќ најави дека спортот во оваа земја би требало да продолжи на почетокот на следниот месец. Јанковиќ сугерираше до националните федерации кои веќе донесоа одлука за прекин на сезоната да ја преиспираат таа одлука.

Ракометното и одбојкарското првенство беа прекинати. Во ракометот немаше одлука за првак, туку само за поништување на сезоната, додека во одбојката беа донесени одлуки да бидат шампиони екипите кои беа лидери до тој момент.

„Одлуката за прекин на првенствата е во надлежност на федерациите, но мој став и сугестија до тие федерации е да се обидат повторно да размислат околку тоа сезоната да продолжи, секако доколку ситуацијата со епидемијата тоа го дозволи“, вели Јанковиќ.

Министерот најави дека враќањето на спортот треба да биде во три етапи. Првата фаза ќе биде од 6 до 18 мај, а сите клубови ќе добијат дозвола да тренираат и да создадат хигиенски услови како што налага ситуацијата. Втората фаза треба да биде започнување на колективни тренинзи на клубовите, посебно во сите колективни спортови каде што е неопходен контакт и дуел. Оваа фаза ќе биде од 18 јуни до 1 јули.

Третата и последна фаза ќе започне од 1 јули, кога и треба да продолжат натпреварите во сите спортови.

- Оглас -

Најнови вести