Спортска прогноза со клупски фудбал од Топ-5 лигите е мерак за играчите

По пауза од едно коло во кое се прогнозираа натпреварите од Лигата на нациите со учество на репрезентациите во Европа, Спортската прогноза се враќа на вообичaениот колосек со седмото коло, закажано за овој викенд.
Повторно на менито на популарната Тринaесетка се клупските натпревари од Топ-5 лигите, а има неколку големи дерби-натпревари.
Колото ќе почне со дербито на Северен Лондон меѓу Арсенал и Тотенхем во сабота, во 13.30 часот, а токму до тој термин можете да го одиграте седмото коло на Спортска прогноза.
Ќе може да се прогнозира од денеска до 14 часот, а меѓу потешките задачи за прогнозерите ќе биде и да ги погодат исходите на италијанското дерби меѓу Интер и Рома, потоа и шпанското меѓу Севилја и Атлетико Мадрид.
Наградите се веќе познати и од почетокот на оваа сезона за погодена Тринаесетка, сами можете да си одберет подарок, а изборот е меѓу Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет и X Box Series X.
Како и секогаш во играта што е бесплатна, а многу интересна, се наградуваат и утките.
Со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека за два промашени пара ви следува ваучер од 500 денари.
При прогнозирањето треба да се внимава и на двата резервни пара, кои носат поени за подобри позиции во Генералниот пласман.
Во седмото коло и двата резервни натпревари се многу интересни. Ајнтрахт во Бундеслигата го чека лидерот Унион Берлин, додека втора резерва е градското дерби на Манчестер меѓу Сити и Јунајтед.
- Оглас -

Најнови вести