Спортска прогноза: Белгиското дерби секогаш е непредвидливо

Еден од најинтересните натпревари на кои треба да го погодите исходот во новото коло на Спортската прогноза ќе биде белгиското дерби помеѓу Андерлехт и Клуб Бриж кое се игра в недела, од 14.30 часот.

Ова се двата најуспешни белгиски клуба. Андерлехт има 34 титули, а Бриж 15. Во моментов, Бриж е втор на табелата со осум бода помалку од Генк, а Андерлехт е шести и победата му треба за да остане шести, позиција која води во плејофот.

Андерлехт има дури 9 порази на 26 меча сезонава и игра во доста променлива форма. Во 2019 година, сите мечеви му беа тесни и завршуваа нерешено или со еден гол разлика. Ниту Бриж не блеска, но има осум бода повеќе од ривалот и низа од пет средби без пораз.

Податок кој не смее да се занемари е дека Бриж не славел на гости против Андерлехт повеќе од 20 години. Последниот триумф им беше во септември 1998 година.

Прогнозата на овој меч може да биде и пресудна во трката за вредните награди што за вас ги подготвија Спорт Манија и Sport Life.

Главната премија што е во игра за секое коло на Спортската прогноза е  iPhone XS, мобилен телефон што е „ин“ и вреди да се има, а во нашата игра може да се добие како награда со погодени 13 двојки во секое коло.

Со едноставно прогнозирање на страницата на Спорт Манија само во неколку чекори, бесплатно ќе се вклучите и во игра за мобилен телефон Samsung Galaxy A6, но и за вредносните ваучери од спортските обложувалници на Sport Life.

Како потсетување, Спортската прогноза нуди двојна можност за награди, а се бие битка и за водечките позиции во Генералниот пласман. Тука се сметаат и двата резервни пара, а и тие носат поени како и редовните 13 двојки во секое коло.

По завршувањето на последното коло на осми мај, ќе се доделуваат вредни награди за најдобрите прогнозери вкупно во Генералниот пласман, а доделуваме: електричен тротинет, Велосипед Capriolo Passion Men и ваучери од по 1.000, 500 и 300 денари.

Прогнозирањето за новото коло веќе е почнато од вчера, не го пропуштајте, а можете да типувате 13+2 двојки до почетокот на првиот меч, до сабота во 15 часот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести