Спортска прогноза: Борете се за iPhone XS и Samsung Galaxy A6, можеби денеска ви е среќниот ден

Новото коло и новите возбудување на Спортска прогноза започнуваат денеска уште во 13.30 часот, кога во Лондон градско дерби ќе играат Тотенхем и Арсенал. Тоа е и последниот термин до кога може да ги дадете вашите типови на вкупно 13 понудени парови, плус двете резервни средби.

Доколку чекавте до последен момент да соберете податоци, рокот веќе ви истекува, и побрзајте. Со погодени сите 13 мечеви, кои се на понудата, односно освоите „Среќна 13-ка“, следува подарок iPhone XS. Тоа е еден од најновите и најскапите мобилни телефони, а Вие имаше можност да го добиете бесплатно, само доколку имате знаење и среќа во прогнозирањето.

Дури и да имате еден утнат пар, повторно следува мобилен телефон, и тоа Samsung Galaxy A6. Ваков подарок доделивме неодамна.

Освен мобилните телефони, како подароци има и вредносни ваучери од спортските обложувалници на Sport Life. Со 11 погодени парови следува ваучер од 500 денари, а 10-ка носи ваучер од 200 денари.

Спортска прогноза бара и константност во играњето, односно да не се прескокне ниту едно коло, за да се биде во што е можна позиција за Генерален пласман, каде што има уште подароци за најдобрите. Резервните парови се сметаат во бројката за одредување на генералниот пласман. Спортманија ви ја нуди единствената можност за Спортска прогноза и затоа не чекајте, туку прогнозирајте.

Можеби оваа недела е среќниот ден за Вас.

- Оглас -

Најнови вести