Спортска прогноза: Се игра финалното коло за шампион на сезоната, бонус е прекрасниот „ајфон 12“

Последното коло на Спортска прогноза што веќе е во тек и може да се одигра од денеска до сабота до 17,15 часот ќе го даде новиот шампион во популарната и бесплатна игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Финишот на четвртата сезона ќе биде исклучително драматичен во битката за првото место во Генерален пласман, а шампионот ќе добие прекрасна награда, ТВ Смарт од 48 инчи.

Фаворит е Христијан Т., кој долго беше лидер во вкупниот поредок, а го почнува последното коло на врвот со 245 поени.

Само уште двајца учесници, Живко Д. со 244 поени и Саша Т. со 242 поени ја имата минато границата од 240 поени и докрај ќе се борат за првото место.

Награди ќе има за првопласираните петмина во Генерален пласман, а 36. коло што може да се одигра веќе од денеска е и последна шанса да се освои и прекрасниот мобилен телефон „ајфон12“, што се доделува на прогнозерот кој прецизно ќе ги погоди сите 13 натпревари.

Сите 13 натпревари се од Топ-5 лигите во Европа, што е познат терен за прогнозерите, па треба да се одигра финалното коло и да се искористи за да се освои „ајфонот“.

Приклучете се на возбудливиот финиш на четвртата сезона на Спортска прогноза и одиграјте ја вашата комбинација што може да биде добитна.

 

 

- Оглас -

Најнови вести