Спортска прогноза: Фото-финишот ќе одлучува за генералниот пласман

Неизвесноста околу тоа кој ќе биде победник во генералниот пласман на дебитантската сезона на Спортска прогноза може да биде прекината откако ќе заврши ова последно, 17-то коло. Трката е интересна и можни се пресврти.

Во досегашните 16 кола, уште нема добитник на главната награда за погодени 13 парови во едно коло, а тоа е iPhone XS. Досега двајца прогнозери се израдуваа со мобилниот телефон Samsung galaxy А6 со погодени 12 пара.

Од новите 13 парови, како еден од најинтересните го издвојуваме градското дерби во Глазгов помеѓу Ренџерс и Селтик. Овој меч се игра в недела, од 13 часот. Селтик е лидер и има 9 бода предност, па ова е последна шанса за тимот на тренерот Стивен Џерард со евентуална победа да внесе неизвесност во трката за првак на Шкотска. Ренџерс пред Нова година го совлада дома Селтик со 1-0, а пред тоа губеше петпати по ред. Ваше е да процените дали Ренџерс има сила да слави или не.

Прогнозирањето трае до сабота во 15.30 часот, до почетокот на првиот меч од понудените 13 парови, плус две резервни кои се пресметуваат во збирот во трката за генерален пласман.

Ова е редоследот на табелата во Генералниот пласман.

Доколку не се добие победник во Генералниот пласман по последното коло на Спортска прогноза, односно неколку прогнозери имаат еднаков број точни прогнози, за нив ќе следува едно дополнително коло, по кое ќе се одреди победникот. Во случај и тогаш да не се издвои најдобар прогнозер или, пак, од второ до петто место ќе се сметаат учиноците според секое коло (пример: прогнозерот со 5×10 точни прогнози е подобар од прогнозерот со 4×10 точни прогнози).

- Оглас -

Најнови вести