Спортска прогноза со многу дерби-дуели – Одиграјте го 23-тото коло, може да ви донесе супер подарок

Тековното 23-то коло на Спортска прогноза ќе биде вистински предизвик за учесниците во нашата бесплатна игра, а има неколку значајни дерби-натпревари што ќе ја кројат табелата во најсилните европски првенства.

Стартот е со англиското дерби меѓу Лестер и Ливерпул, што ќе се игра во сабота од 13.30 часот и до тој термин можете да се вклучите со вашите прогнози на популарната „Тринаестка“ што ја организираат Sport Life и Спорт Манија веќе трета сезона по ред.

Во фокусот ќе бидат и двете италијански пресметки, меѓу Наполи и Јувентус и Интер и Лацио, а победа во овие натпревари значат многу во битката за Скудетото.

За нас и за нашите прогнозери интересен ќе биде новиот дуел меѓу Арсенал и Лидс, најмногу поради Езџан Алиоски. Нашиот репрезентативец повторно ќе има дуели со Николас Пепе, играч кој беше исклучен на претходниот меч меѓу овие две екипи, откако го удри со глава токму Алиоски.

Колото е многу интересно и е вистински предизвик за да се направи подвиг, да се погодат сите 13 парови и да се освои прекрасната награда „ајфон 11“.

Sport Life ги наградува и утките, затоа и играта е интересна, а само со еден промашен пар ви следува ваучер од 1.000 денари, што можете да го искористите и да одиграте тикети во сите уплатни места на обложувалницата.

Дури и да промашите два пара, наградата е убава, ви носи ваучер од 500 денари во Sport Life.

Исклучително возбудлива е и трката за шампион во Генерален пласман, а разликата во Топ-20 меѓу лидерот и конкурентите за конечна победа во сезоната е само 7 поени разлика.

Наградата за најдобриот прогнозер во третата сезона на Спортска прогноза е ТВ Смарт од 48 инчи, а награди и многу поени за пазарување во СЛ маркетот ќе добијат најдобрите пет учесници по завршувањето на овој циклус на бесплатната игра.

 

- Оглас -

Најнови вести