Спортска прогноза зема замав, типувањето трае до денеска во 14 часот!

Почетокот на мечот Алмерија – Селта, денеска во 14 часот, е крајниот термин до кој може да се вклучите со ваши прогнози во 11-тото коло на бесплатната Спортска прогноза во организација на Sport Life и Спорт Манија.

Потсетуваме дека за погодени 13 натпревари што се на менито имате можност сами да си одберете подарок од три понудени варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен Тротинет

X Box Series X

Покрај премијата за погодена 13-ка, тука се и ваучерите од Sport Life од 1.000 денари за 12-ка и ваучер од 500 денари за сите што ќе погодат 11 натпревари од основната понуда. Резервните парови се сметаат само за генералниот пласман.

Во минатото коло имаше една 12-ка, а на 13-тиот меч кој заврши последен во неделата, фалеше само еден гол за да го имаме првиот прогнозер со максимален број погодоци. Тоа е доказ дека премијата не е недофатлива, треба само малку знаење, добро претчувство, и среќа.

Според процентите на досегашните типови, мнозинството прогнозери (83,6 отсто) масовно го фаворизираат Челзи против Брајтон, над 80 отсто веруваат во победа на Марсеј на гости против Стразбур, а има парови кај кои најголем дел од играчите на Спортска прогноза типувале дека ќе заврши нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести