Спринтот на Бенито во 115-та минута го одведе Шалке во чертврт-финалето (видео)

Шалке се пласираше во четврт-финалето од Купот на Германија по триумфот од 3-2 против Херта во драматичната пресметка. Гостите прокоцкаа два гола предност од првото полувреме, па во дополнителните минути им се случи нова казна, по која го завршија настапот во натпреварувањето.

Копке и Пјонтек ѝ донесоа на Херта двојна предност до 40-тата минута, а избраниците на Вагнер во последните 25 минути од средбата се вратија во игра. Калиџури намали на 1-2, па Харит израмни во 82-рата минута и го одведе мечот на продолженија. Се играше 115-тата минута кога Бенито Раман го претрча пола терен и во соло акција го оствари пресвртот со кој Шалке се пласира во четврт-финалето.

Погодокот на Бенито можете да го видите на следниот ЛИНК.

 

 

- Оглас -

Најнови вести