Срам за 104-тата на ранг-листата, ФИФА ја суспендираше втората најбројна држава на светот

Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, им забрани учество на меѓународно ниво на националните тимови и клубови од Индија, а запира и работата на Индиската фудбалска федерација поради мешање на „трети страни“ во работата на Федерацијата.

Индија во октомври треба да биде домаќин на Светско првенство за девојки до 17 години и оваа суспензија го загрозува одржувањето на тој настан во втората најголема земја на светот според бројот на жители. Ако Индија остане суспедирана, тоа СП за јуниорки ќе се игра некаде во Европа.

Машката репрезентација на Индија во моментов е на 104-тото место на ранг-листата на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести