Срамен дебакл и елиминација од третолигаш за Селта, сигурни Вилјареал и Севилја

Селта Виго претрпе срамен дебакл и елиминација во третата рунда од Купот на Кралот, и тоа со 5-2 на гости кај третолигашот Ибица. Негативата од три гола по првите 45 минути беше израмнување на негативен рекорд во кој еден шпански прволигаш губи на полувреме од тим од понизок ранг.

Тимот на Ибица до 61-та минута имаше недостижни 4-0 со двата гола на Кастел и по еден на Перес и Молина. Селта половично успеа да се врати во игра и до 87-та минута намали на 4-2, а ќе беше вистинска драма доколку Мина го реализираше пеналот во 90-тата минута со кој резултатот ќе беше 4-3, но наместо тоа, пред последниот судиски свиреж домаќините ги поставија конечните 5-2.

Хетафе е вториот прволигаш кој исто така претрпе елиминација, загуби со 1-0 на гости кај Кордоба, додека Севилја и Вилјареал ги оправдаа фаворитските улоги и победија со 2-0, односно 4-1 на гости кај Линарес, односно Замора.

- Оглас -

Најнови вести